За AutoWelt

ЗОШТО ВАШЕТО ВОЗИЛО ДА ГО КУПИТЕ КАЈ НАС?

НАЈГОЛЕМ ИЗБОР

Пронајдете го возилото кое највеќе ви одговара! На нашиот плац во секое време имате избор од преку 100 возила од мали градкси автомобили до луксузни лимузини од бизнис класата.

ЗАГАРАНТИРАН КВАЛИТЕТ

Сите наши возила се увезени директно од салоните на VW и AUDI од Германија и подлежат на детална проверка пред да бидат пуштени во продажба.

ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ

Нудиме можност за плаќање на рати како и автомобилкси кредит.

Следете не на Facebook и Google+

AutoWelt е еден од најновите но и најзначаен бренд на Офис Експрес ДООЕЛ – Кочани. Како проект започнува во 2010 год. со потпишувањето на договорот и отпочнувањето на соработката помеѓу Volkswagen Financial Service и Офис Експрес ДООЕЛ, која соработка како идеја се роди благодарение на визијата на двете компании, искуството и љубовта кон автомобилизмот.

Успешноста на целиот проект е благодарение на претходните испитувања на пазарот на половни автомобили и желбата да се понуди нешто повеќе на купувачите. Да се понуди квалитет, да се понуди сигурност, да се понуди достапност и сето тоа по пристојна цена. Како гаранција за претходно наведеното секако е и најголемата светска автомобилска групација Volkswagen и двете најпродавани марки автомобили AUDI и VOLKSWAGEN, кои полека но сигурно во целост ги освојуваат како светските така и мaкедонскиот автомобилски пазар.

Во изминативе години AutoWelt во потполност ги освои домашните купувачи и се наметна како лидер во продажбата на половни автомобили на нашиот пазар. Успешни и задоволни купувачи е главното наше мото кое успеавме да го наметнеме во изминативе години и многу да ги подигнеме критериумите за продажба на половни автомобили.

Продолжуваме понатаму…