Driver Assistance – напреден систем со карактеристики кои помагаат за побезбедно и полесно управување со возилото. Погледнете како овие системи функционираат и како му обезбедуваат на возачот и на патниците побезбедно патување.

Овој систем му помага на возилото да ја одржува поставената брзина и далечина според возилото кое се наоѓа пред него. Кога е активиран овој систем, ако возилот пред него забрза или успори, сензорите ја детектираат оваа промена и ја прилагодуваат брзината.

При возењето, доколку се обидите да премините во другата лента, на пример при престигнување, овој систем може да Ви помогне со тоа што ќе ве предупреди дека вашето возило е во “слепа точка” односно дека друго возило веќе Ви се приближува во таа лента.

Кај одредени модели овој систем исто така може и автоматкси да го прилагоди свртувањето така што ќе го задржи возилото во лентата, доколку се обидете да преминете во другата лента а при тоа постои опасност.

Овој систем го следи возењето и детектира непланирано скршнување од лентата во која возите. Во одредена мера системот може да помогне да се задржи возилото во лентата во која возите.

Системот за “Предупредување од можен преден судар” кој е вклучен во Front Assist системот има радарски сензори на предната страна на возилото кои го следат сообраќајот и може да го предупредат возачот при можен судар со возилото напред. Ако детектира дека сударот е неизбежен, се активира системот за Автоматско Итно Кочење кој може да му помогне на возачот поефикасно да закочи, или доколку возачот воопшто не реагира овој систем ги активира кочниците автоматски.

Овој систем се активира при враќањео во рикверц како на пример при излегување од паркинг. Доколку сензорите детектираат дека се приближува возило на патеката на која излегува возилото, возачот добива предупредување а исто така доколку е потребно системот автоматски го закочува возилото.